„Тесното Претседателство на албанската опозициска партија Алтернатива вечерва одржа седница, откако пратеникот на оваа партија Скендер Реџепи изјави дека нема да биде дел на листата за уривање на Владата и оти нема да го поддржи гласањето во четврток, ако на листата останат и пратениците на Левица.“ – јавија информативниот портал „ин7“ и информативната агенција ИНА.
„Во овој момент нема повлекување на одлуката, која сме ја донеле. Со оглед дека имаме време до четврток, расправите во Алтернатива ќе продолжат и утре. Најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе дејствуваат нашите пратеници. Едно е сигурно: каква и да биде одлуката, таа ќе биде почитувана од сите пратеници на Алтернатива.’ – кажа портпаролот на оваа партија Орхан Муртезани.“
„Покрај Скендер Реџепи, пратеници на Алтернатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафие Садики и Хисни Исмаили.“ – пишуваат овие медиуми.






