Вчерашната акција во затворот во Идризово, во која беше откриен тунел од 40 метрии преку кој затвореници споремале бегство, е резултат на ангажманот на итно сменетиот директорот Шпенд Тахири, кадар на Алтернатива, велат од оваа партија.
„Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа.
Всушност, ова акција во Идризово се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово, велат од Алтернатива..
За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата.
За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што бил кадар на АлтернАтивА. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на критики, велат од Алтернатива како што пренесе ТВ21.






