Случајот со бруталниот напад на контролорите на летови, според партијата Алтернатива, открива дека ваков инцидент што можел да заврши со трагични последици и закана за националната безбедност, е овозмошен од обезбедувачкиот персонал на компанијата “2SS Security” кои, иако биле должни, не го спречиле овој напад.



Алсат: Фирма на партнер на Ахмети била задолжена да го обезбедува М-НАВ

„Ситуацијата станува уште појасна сега кога јавноста знае дека сопственикот на оваа компанија e близок со лидерот на ДУИ. Како да се ова не е доволно, вчера во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето (зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма), претепале постар човек без никаква причина“, велат од Алтерантива.