Алтернатива, БЕСА и ДД формираа „Европски сојуз за промени“

Името на коалицијата на опозицискиот фронт на албанските партрии од Македонија денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од двајцата претседатели на партиите Изет Меџити и Биљал Касами.



Гаши информира дека врвен приоритет на нивната коалиција останува борбата против корупцијата. Посочи дека го поддржуваат и патот на нашата земја кон евроинтеграциите.

Тој потенцира дека крајно време е да се тргне навредливата формулација „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со албански јазик.