Тоа е условот на партијата, до недамна дел од владината коалиција, за гласање отворање на Уставот и за гласање на ннеговви измени.
„Со тоа што ние го врзуваме овој услов за гласање на уставните измени, само покажуваме колку е важно за нас да се бориме до крај овој уставен амандман да биде прифатен од сите страни. Не знам кој ќе биде епилогот дали ќе седнеме да се договараме. Алтернатива во никој случај нема да биде пречка за европските интеграции. Ќе мора да се бориме за тој процес до крај – рече претседателот на партијата, Африм Гаши, во интервју за ТВ24.
Алтернатива подготви предлог текст за уставен амандман со кој се предвидува никогаш да не застаруваат кривичните дела извршени од страна на избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт, соопштија денеска од партијата.
Ннивната цел е да се изгради уставен механизам, кој ќе ги адресира сите избрани и именувани функционери кои со незаконски извршување на службената положба, се стекнале противправна имотна корист.
„Со овој амандман ќе се даде уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни или сегашни избрани и именувани лица, кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност. Со овој Амандман, впрочем ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото“, сметаат од партијата.







