Алтарнатива се отвара за соработна со сите партии, не ѝ се брза за предвремени избори

„Нормално дека, како опозициска партија, сакаме да бидат што побргу, но нема да инсистираме, нема да ни биде главна агенда“, рече лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на вчлерашната седница на Централното претседателство на партијата и на трибина со членовите, симпатизерите и граѓаните.



„Ќе настапиме со нашите органи, ќе ја зацврстиме партијата и ќе видиме дали ќе можеме да отвориме канали за соработка со другите политички партии“, рече првиот човек на партијата која неодамна „излезе“ од Владата.

„Нормално, партијата и јас како претседател, ќе се ориентираме со кого можеме да настапиме заедно, дали можеме да се согласиме, но партијата е отворена за комуникација со сите партии“, нагласи Гаши во изјава за новинарите пред средбата со граѓаните.

аши смета дека е потребен консензус на сите партии за тоа кога да се оди на избори.