„Алсат“: Скандалозен отказ на Мустафа Имери поради поддршка за поинакво мислење и фотографија со Изет Меџити

Скандалозно: од функцијата е разрешен Мустафа Имери, раководителот на катедрата за албански јазик во средното музичко училиште ‘Илија Николовски Луј’ во Скопје. Според него, причина за разрешувањето е тоа што поддржувал поинакво мислење и оти објавил фотографија со првиот човек на Демократското движење Изет Меџити.“објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат ја пренесува изјавата на Мустафа Имери како припадник на Европскиот сојуз за промени на здружената албанска опозиција: „Семоќните властодршци одлучија поинаку, бидејќи јас поддржав различно мислење: причината за мојот отказ е фотографијата со првиот човек на Демократското движење, Изет Меџити. Каква порака е ова и колку низок удар е ова?! Ова во врска со поинаквото мислење се случува не само во ова училиште, туку и во целата држава и во сите институции. Оваа техничка Влада го уназади тоа 100 дена. Вие разрешувате, но народот ќе се обедини. На ова насилство му преостанаа само уште 90 дена. Со својот глас ќе ја уништиме оваа власт. Промената доаѓа.“