Алсат: Што се крие зад затворените порти на општинската зграда во Арачиново

Поради смртните закани што ги добиле градоначалникот Ридван Ибрахими,тој и административците, Општина Арачиново останува затворена и не може да ги опслужува граѓаните



Градоначалникот Ибраими е недостапен да каже дали има добиено некаква гаранција од органите на прогонот да можат да продолжат со работа и дали одлучиле кога ќе се вратат на работа, објави Алсат.

Според безбедносни експерти изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека страните мора сами да се договорат, остава простор за мислење дека институциите не можат да дејствуваат поради политичко влијание во нив.

Општина Арачиново зема „слободен ден“ по заканите врз градоначалникот

За нападот и заканите кон градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, ги добил од страна на членовите на семејството на поранешниот градоначалник на оваа општина од истата партија, молчат и од ДУИ, пишува Алсат.