Претседателот на Европскиот Совет, по средбата со премиерот Заев, не сакаше да одреди датум за отворање на преговорите меѓу земјава и ЕУ,



Тој беше воздржан дури и за решавање на билатералниот спор меѓу Скопје и Софија и избегна да употребува оптимистичка реторика за брз почеток на преговорите за членство на земјава во ЕУ, дознава Алсат М.

„Го пречекав Зоран Заев и го информирав дека ЕУ стои цврсто зад Северна Македонија во борбата против Ковид 19. Остануваме подеднакво посветени на европската перспектива на Северна Македонија и се согласивме за важноста на инвестициите финансирани од ЕУ за да се започне со опоравување“.

Од своја страна премиерот Заев изрази уверување дека првиот човек на советот Мишел има разбирање и волја за некакво поместување во однос на Македонија на претстојниот јунски совет на ЕУ за кога изрази надеж дека очекува да биде свикана првата меѓувладина конференција, доколку се надмине блокадата од официјална Софија.