Просечно по 1.000 судски случаи застаруваат секоја година во сите судови во Македонија, јавува „Алсат“ по п+датоците кои редакцијата ги доби од Судскиот совет.
Најчесто, судските случаи поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот застаруваат. Сепак, слободата денес ја уживаат многу потенцијални сторители на кривични дела како што се за даночно затајување, злоупотреба на службената положба…
Според податоците, 2018 имало 478 застарени предмети, 2019 – 1162 , 2020 – 1033 , 2021 – 528, и 310 во 2022-ра година.
Алсат потсетува на писмото со осуда од американската амбасадорка Ангела Агелер, до неколку институции во земјата, а поврзано со застарувањето на судските случаи.






