Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе побара од претседателот Стево Пендаровски целосно или делумно помилување на 48 лица кои издржуваат затворска казна.



„За 45 од нив се бара делумно помилување, додека за три целосно помилување“, јави Алсат.

Но, Алсат неофицијално дознава дека министерот за правда Бојан Маричиќ во понеделник ќе го повлече барањето за помилување на 48 лица.

Извори од Комисијата за помилување најавуваат дека материјалот во кој меѓу другите се бара помилување на Сеад Кочан, Александар Василевски (Нинџа) и Бобан Илиќ ќе биде повлечен поради притисок на јавното мислење.