Tags



За да се надополни недостигот од кадар, угостителите нашле вкупно пет илјади келнери, садоперачи, рецепционери и собарки од Турција да дојдат на работа во земјава, откако наши работници од овој сектор заминуваат масовно на работа во странство.

Од туристичко- угостителската комора бараат, доколку трендот на заминување продолжи, да им овозможи вработување на „странците“ под истите услови како и за нашите граѓани, обави Алсат М.

„Од 50 до 60 проценти од тековните објекти ќе се затворат. Не пет илјади, 20 илјади ни фалат… Овие пет е да се изгасне пожарот. Фалат готвачи, помошници готвачи, садопери, рецепционери, собарки, пет илјади е ургентно…“, вели Аркан Керим, претседател на Туристичко- угостителската комора.

Земјава не е примамлива за туристички работници од Србија и Албанија бидејќи тие најчесто работат на јадранското приморје или во Грција. Оваа година во најголем дел македонските работници заминаа на сезонска работа во Хрватска каде поради недостиг на кадар, платата достигна и до 2.000 евра.