Алсат М: Мајката и синот од Велес сепак починале во јануари!?

Сметките за платена електрична енергија би можеле да ги демантираат констатациите на Судска медицина според кои Ванчо и Катерина Манојлови, кај кои е откриен коронавирус, починале кон средината на март.



Како што открива Алсат М, смејството Манојлови имале за декември сметка за струја од 3.300 денари, која според доказите обезбедени од Алсат, се покажало дека била платена на 17 јануари 2020 година.

Во јануари, семејството потрошило струја во висина од 4.000 денари, но истрагата на Алсат покажува дека оваа сметка не била платена.

За месец февруари, март и април немало потрошено електрична енергија туку на адреса на семејството Манојлови била стигната само сметка за такса која се плаќа кога нема потрошувачка на струја.

Неплаќањето на сметката за јануари и другите три сметки кои се доказ дека не се трошела струја ги отвораат сомнежите дека членовите на ова семејство починале кон крајот на јануари, односно Катерина Манојлова починала кон крајот од јануари, додека нејзиниот син неколку дена подоцна.

Сомневањата ги потврдува и Центарот за социјални работи во Велес. На прашањето на Алсат ТВ врз основа на пријавувањето на соседите дека двајцата членови на семејството Манојлов веќе 3 месеци не ја добиле својата пензија и социјална помош, од овој центар дадоа важен детал.

Повеќе