„Државната ревизија утврди пропусти во работењето и неправилно трошење на државните пари од страна на АД Електрани на Македонија (ЕСМ). За девет години државната фирма за производство за струја залудно потрошила повеќе од 40 милиони евра за проекти, кои не функционираат.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Најмногу пари, 21 милиони евра биле потрошени за наводна модернизација на првиот Блок во РЕК Битола. Проектот траел од 2011 до 2020 година, но не бил реализиран. За него ЕСМ дала фантастични 11,5 милиони евра само за адвокати, кои ја застапувале компанијата пред суд, а ЕСМ ги губела арбитражните постапки.“
„Од расходите 39 отсто се се по основа на исплатен аванс и повлечени кредитни средства за осигурување на кредитот и 6 проценти за платената провизија за неповлечени, а одобрени средства од кредитна линија за финансирање на овој проект“ – наведуваат од Државниот завод за ревизија.“
„Ревизорите констатирале дека меѓу 2011 и 2020 година ЕСМ давала пари и за проекти, кои не се користат и во опрема која не се употребува. Меѓу нив се проектите за хидроцентралите Бошков Мост и Луково Поле, кои со години се запрени.“
„Ревизијата за работата на ЕСМ во 2020 година утврдила и дека државната компанија за струја се соочува со опасност во функционирање на системот за обработка на финансиите. Системот за информатичка технологија е стар 20 години и не е усогласен со меѓународните стандарди за информатичка безбедност.“





