Македонија да не дозволи Албанија да стане пречка за добивање на датум за преговори за членство во ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со неговиот австриски колега Александер Шаленберг, пренесе Алсат М..
Димитров рече дека процесот за пристап кон ЕУ е индивидуален.
„Не сакам да судам за дискусиите што ќе се одвиваат, но нашиот став како Австрија е јасен… Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од Брисел и да почнат преговори“, рече Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Австрија.





