Алсат: Човек со криминално досие стои зад фирмите кои ќе вршат надзор на градежните работи на Бехтел и Енка

Грдаежните работи на Коридорите 8 и 10-Д, кои ќе ги гради конзорциумот „Бехтел&Енка“, ќе ги надгледуваат компаниите  на Бранислав Димитриевиќ, лице под истрага во Ерменија и уапсено на 21 април 2021 година во Хрватска врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол. Станува збор за две компании: „Евро Консалтинг“ чиј основач е Димитриевиќ, додека неговиот син Зоран Димитриевиќ е раководител од јуни 2021 година, и компанијата „ЕПТИСА“ каде Димитриевиќ е „лидер на тимот“ на француско-шпански конзорциум, пишува Алсат.



Алсат Телевизија успеала да обезбеди два документа, кои всушност се одлуки одобрени на владини седници. Првата се однесува на одлуката на Владата дека ниту една државна институција или општина не смее да ја ангажира шпанската компанија „ЕПТИСА“, на тендер вреден над 1 милион евра поради нивното незаконско, неетичко и неодговорно постапување во надзорот на работите на железницата Куманово-Белаковце“. Одлуката  била донесена 24-та седница на Владата, одржана на 24 ноември 2020 година. Во оваа информација стои потписот на Драги Рашковски во својство на генерален секретар на Владата.

10 недели подоцна, поточно на 9 февруари 2021 година, Министерството за финансии е известено дека Владата донела одлука за укинување на одлуката одобрена на 24 ноември 2020 година, а институциите заедно со општините сега можат да доделуваат тендери во вредност од над 1 милиони евра на фирмата на обвинетиот од ерменските власти „ЕПТИСА“ Бранислав Димитриевиќ. Од Јавното претпријатие за државни патишта објаснија дека „ЕПТИСА“, е избрана врз основа на одлуката на Владата од 9 февруари.

Изборот помина на контролниот одбор, а до Државната комисија за жалби беа упатени два приговори, но институцијата ги одби. Постапките за избор беа во согласност со сите законски и подзаконски акти за јавни набавки и се беше транспарентно од самиот почеток“.

Владата до сега немаше одговор за причините за укинување на одлуката од 24 ноември 2020 година. Останува нејасно зошто Владата го смени мислењето за компанијата „ЕПТИСА“, со што се отвора сомнеж за местење на Јавните набавки за избор на фирми за надзор, за работите во виталните коридори според Владата, 8 и 10-д.

Целиот текст на Алсат на следниот линк: