Германскиот парламент се очекува вечерва да се изјасни околу давањето „зелено светло“ за почеток на преговори на Македонија и Албанија со ЕУ.
Алсат М дознава дека германскиот Бундестаг, покрај тоа што ќе се согласи да постави датум за почеток на пристапните преговори, ќе постави и услови за германската влада, која ќе се обврзе да ги следи преговорите и реформите во Скопје.
„Бундестагот ја повикува и сојузната влада: 1. да се осигура дека рамката на преговорите ќе се обликува така што ќе обезбеди конзистентно продолжување на реформскиот курс и, пред сè, спроведување на договорените реформи од страна на СМ. Отворањето и затворањето на одделни поглавја на преговори мора да зависат од јасни критериум“, се вели меѓу другото во документот до кој дојде Алсат М.
Во Бундестагот вечерва ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на покана од претседателот на германскиот Парламент, Волфганг Шојбле.





