Алсат: Бомбите на „Ел Чека“ дел оние што ги има СЈО!?

Дел од бомбите што ги објавува лицето А.Ш. кој стои зад Фејсбук профилот „Ел Чека“ се дел од оние што ги поседува СЈО, дознава „Алсат М“.



Од ова обвинителство засега немаат објаснување за тоа како лицето кое ги објавува ги добило прислушуваните материјали.

Ел Чека предупреди дека ќе има уште „пострашни бомби“, ако не се спроведе меѓународна истрага за настаните во Диво насеље, како што ветуваше ДУИ.

Според него, бомбите ги добил од „Кумановската група“, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.