Барањата на Украина до Германија, вклучително и повиците за напуштање на гасоводот „Северен тек 2“ како и за снабдување со оружје, стануваат сè полуди, реагира пратеникот во Бундестагот од партијата „Алтернатива за Германија“ Штефен Котре.



„За жал, содржината и тонот на барањата на Киев стануваат сè полуди

(…) Понудата на Германија да испрати 5.000 шлемови во Украина беше дочекана со непочитување

Според него, снабдувањето со оружје за Украина би станало фатален политички сигнал и само би довело до уште поголема ескалација на тензиите.

Дополнително, дури и со нашето оружје Украина нема да може да се одбрани од хипотетичка руска инвазија, рече германскиот пратеник.

Тој рече дека Русија не сака ништо повеќе освен да го спречи НАТО да се прошири до нејзините граници.