„Во општина Бутел се создаде нов политички дух по минатогодишните локални избори. По долги години ДУИ се повеќе станува опозиција, а нивното место во локалната власт го зазема Алијансата за Албанците. Ова е резултат на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-Алијанса на Албанците.“ – објави информативниот портал „Алмакос“ во својата информација со наслов „Продолжуваат промените во Бутел: ДУИ минува во опозиција, а Алијансата на Албанците во локалната власт“.
„Алмакос“ пишува: „Вчера се појавија некои шпекулации околу функционирањето на оваа коалиција, но тие беа демантирани од Вулнет Селими од Алијансата во Бутел. ‘Во врска со некои информации објавени вчера на некои портали, чувствувам должност да ги демантирам сите тие наводи, кои беа тенденциозни и невистинити. Соработката со претседателот Дарко Костовски од ВМРО ДПМНЕ е на вистинско рамниште и се надеваме дека заедно ќе донесеме само добри проекти за нашите граѓани.’ – изјави Селими.“
Home Македонија „Алмакос“: „Во Бутел коалицијата ВМРО ДПМНЕ-Алијанса создаде нов политички дух по локалните:...





