„Андерс Аслунд, шведски економист и автор на книгата за рускиот претседател Владимир Путин со наслов ‘Заслабениот капитализам: патот од пазарната економија до клептократијата“, објави на твитер порака што ја добил од негов познаник во Русија.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ пренесе: „Еден познаник од Русија ми испрати порака: ‘Ја чекаме пораката: Путин е мртов’ – напиша Аслунд на твитер.“
„Путин ја изолира Русија со своето варварство. Настаните во Киев ќе бидат решавачки. Ако Путин не победи таму, ќе загуби се. Верувам дека ќе загуби се, што и заслужува.“ – дополни Аслунд во својата објава на твитер.“
„Во една друга објава тој го нарече Путин ‘диктатор-ѕвер’, кој не ја разбрал воопшто историската позиција на украинскиот народ.“





