Сопругот на англиската кралица, принцот Филип бил подложен на редовен алкотест по сериозна сообраќајка во четвртокот.
Утврдувањето на концентрацијата на алкохол во крвта е задолжителна постапка за сообраќајни незгоди, но тестот покажал дека принцот не конзумирал алкохол, соопшти британската полиција.
Филип (97) бил неповреден во сообраќајкат , а двете жени кои биле в другиот автомобил се здобиле со модринки и исеченици и биле пренесени во болница, од каде биле упатени на домашно лекување.
Сведоци на несреќата велат дека по несреќата принцот Филип бил многу исплашен.





