Изградбата на патот Тетово–Призрен, за кој веќе има физибилити студија, ќе овозможи заедничко управување со Националниот парк Шар Планина и управување со развојот на туризмот за двете земји.



Ова го изјави денеска, Љибурн Аљиу, косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, на прес-конференција со лидерот на ДУИ Али Ахмет, пренесе порталот Telegrafi.

Алсат: Со тунел од 200 милиони евра Тетово ќе се поврзе со Призрен

„Во фаза сме на финансиски договор за да го реализираме проектот, дизајнот и за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект.

Овој проект, покрај поврзувањето на Призрен со Тетово, го поврзува и делот од Националниот парк Шар Планина во делот на Република Косово со делот на националниот парк во делот на Република Македонија.

Овие две области имаат исклучителни вредности и можности за економски развој преку зимскиот и летниот туризам и оваа рута ќе создаде можност за заедничко управување со Националниот парк и управување со развојот на туризмот за двете земји“, рече Аљиу.

Ахмети изјави дека од интерес на Македонија и Република Косово е да продолжи оваа комуникација и соработка бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на двете наши земји.