„Формирањето на новата Влада со министрите од Алтернатива ќе се случи до крајот на овој декември, или најдоцна до средината на јануари 2021 година. Веста доаѓа од потпретседателот на Алтернатива Љулзим Алиу, кој ја соопшти во емисијата ‘Аргумент’ на втората програма на Македонската телевизија, која се емитува на албански јазик.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА пренесува: „Алиу е убеден во стабилноста на Владата, и покрај реагирањата на опозицијата дека Владата ќе трае кратко време. Тој вели дека ниту реагирањата на внатрешните партнери нема да ја расколебаат посветеноста на министрите на Алтернатива во исполнувањето на 9-те точки на договорот. ‘Нашите експоненти во извршната власт и на позициите, на кои ќе бидат именувани, ќе успеат да аргументираат, да ги убедат и другите дека се потребни, оти не се од интерес само за граѓаните – Албанци, туку се од интерес за сите граѓани. Евроинтеграцијата на Македонија е од интерес за сите нејзини граѓани.’ – изјави потпретседателот на Алтернатива Љулзим Алиу во емисијата ‘Аргумент“.
Алиу: Бараме одалечување на политиката од судството
„Потпретседателот на Алтернатива Љулзим Алиу ги демантира обвинувањата за мешање во судството. ‘Бараме едно тело, еден орган, еден истражен орган од странство, за да се биде колку е можно пообјективно, пореално, поправично, ние не вршиме притисок врз обвинителството, ниту врз судовите, ниту врз системот на правдата.’ – рече Алиу“
Алиу: Алијансата на Албанците прва го прекрши договорот
„И покрај своето вклучување во Владата Алтернатива се искажува дека е отворена за соработка со опозицискиот блок на локално рамниште, обвинувајќи ја Алијансата на Албанците дека таа прва го прекршила договорот, што го имала со Алтернатива. ‘Тие направија повторно коалицирање со Движењето Беса и ВМРО ДПМНЕ во Тетово и во селската општина Брвеница во тетовскиот регион. Сега не разбирам зошто од Алијансата на Албанците треба да бидат изненадени, што ние, како политичка партија Алтернатива, која има самостојност во дејствувањето, треба да се консултираме, или да се прашаме.“
„Потпретседателот на Алтернатива Алиу не откри имиња на министрите, кои ќе раководат со ресорот за здравство и ресорот за информатичко општество, ниту кој ќе биде нивен министер без ресор, нагласувајќи во емисијата во ‘Аргумент’ на втората програма на Македонската телевизија на албански јазик дека за ова ќе одлучи Претседателството на Алтернатива.“





