„Алијансата за Албанците ќе настапи сама на парламентарните избори.“ – изјави Азир Алиу, министер за администрација од редовите на Алијансата за Албанците, во интервју за ТВ Алсат. Тој изрази убеденост дека неговата партија нема да оди со заеднички листи ниту со ДУИ, ниту со албанската опозиција.
ТВ Алсат пишува: „Убеден сум дека Алијансата за Албанците ќе оди сама на парламентарните избори, бидејќи нашите стремежи и приоритети се поинакви од сите други партии. Верувам дека ова е барање и на граѓаните.“ – нагласи министерот Алиу.
Тој рече и дека се уште не е расправано во партиските органи за понудата на опозицискиот фронт за обединување.
„Немавме такви точки за расправа од две причини. Првата причина е бидејќи наш приоритет е управување и следење на остварувањето на активностите во секое министерство, во секоја дирекција каде што управува кадар од Алијансата за Албанците. Втората причина е тоа што и натаму сме многу далеку од парламентарните и претседателките избори, така што верувам дека оваа тема за некое време и натаму нема да биде приоритет на нашите средби.“ – нагласи Азир Алиу, министер за администрација од редовите на Алијансата за Албанците.





