Алити: Новата Влада – продолжение на старата Влада на Заев, со стари политики не во полза на граѓаните

„Со зголемена доза на скептицизам, креаторите на јавното мислење во Македонија гледаат на кабинетот на мандатарот Димитар Ковачевски. Конечната листа се очекува да биде доставена до Собранието во вторник. Според политичкиот аналитичар Фатон Алити, кабинетот со новите имиња ќе биде продолжение на старата влада на Зоран Заев.“ – истакнува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата статија со наслов „Новата Влада – Алити: продолжение на старите политики“.

„Журнал“ пишува: „Алити вели дека креирањето стари политики не може да произведе нови случувања во корист на граѓаните. ‘Кадровските решенија сигурно ќе бидат цел на претпоставениот нов премиер Ковачевски. Тоа ќе претставува комбинирање на кадрите од внатрешните табори на СДСМ: министри од редовите на СДСМ, за да си ги испеглаат политичките разлики. Но, во пристапот кон внатрешните и надворешните политичко-економски случувања не очекувам некоја голема промена.“

„На планот на меѓусоседските односи со Бугарија Алити укажува дека малку попозитивен дух почнал да владее со новата влада на премиерот Петков, која дала сигнали дека за шест месеци ќе има позитивни движења: ‘Ќе заврши со решение, да го наречеме речеме преодно, кое ќе овозможи заедничка средба со другите 27 земји – членки на ЕУ. Но, тоа решение ќе остави простор во процесот, што ќе следи, да се решат некои други разлики, кои нема да можат да се надминат во овие шест месеци.“

„Во меѓувреме опозицијата го смета како неуспешен обидот на Ковачевски да ја формира Владата. Конечно, и Движењето Беса побара предвремени парламентарни избори, придружувајќи им се на таквите постојаните барања на Алијансата на Албанците и на ВМРО ДПМНЕ. Но, мандатарот Ковачевски, убеден во формирањето на својот кабинет, ги продолжи консултирањата внатре во коалицијата, за да Македонија ја добие оваа Влада до 15.јануари.“ – заклучува „Журнал“ во својата статија.