„Рафиз Алити, со ‘воен прекар’ ‘Командант М’суеси (‘Учителот’) како поранешен командант на 115-тата бригада на УЧК изјави дека војниците на УЧК биле подготвени во секој момент да влезат во Скопје за време на судирот во 2001 година. Но, Алити појасни дека тоа не била целта и оти УЧК се бореше за да ги остварат Албанците своите права во Македонија и да станат рамноправни со Македонците.“ Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Во интервјуто за „Лајм“ Алити натаму нагласува: „Во секој момент бевме подготвени да влеземе во Скопје. Во во моментите кога се потпишуваше Охридскиот договор бројот на војниците на УЧК беше многу поголем отколку кога дојдов во Радуша. Но, велам со одговорност: не ни беше целта да го земеме Скопје, не ни беше да ја земеме водата на Рашче. Тоа можевме во секој момент да го направиме. Нашата борба беше ние, Албанците да ги оствариме нашите права во оваа држава и мислам дека Охридскиот договор ни овозможува такво нешто.“.
Исто така, Рафиз Алити наведува: „Во моментот кога се потпишуваше Охридскиот договор, мојата бригада имаше повеќе од 700 војници со оружје во рака, кои беа подготвени во секој момент. Покрај оние што ги имав во првата линија, имав војници и во втората линија, кои ги подготвував. Имав полигон и имавме старешини, што беа посветени на подготовката на другите момчиња, кои дојдоа подоцна и се приклучија, за да се подготват за борба. Имавме и млади момци, кои сакав да ги вратам, но тие не прифаќаа и упорно бараа да останат таму, а јас ја почитував нивната волја. Млади момци, кои за прв пат зедоа оружје кога се приклучија на Бригадата. Го го организиравме и полигонот, кој имаше свои вежби секој ден, а тие момчиња ги подготвувавме токму за тоа: ако се случеше поделба на Македонија, ние ќе бевме секако и во Скопје.“





