Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Езгјан Алиоски, ги сподели со јавноста непријатностите што ги доживеал денеска во својот роден град Прилеп поради разговарање со семејството на албански јазик во ресторан.
„Доживеав многу непријатна ситуација во ресторанот ‘Ла страда’ во Прилеп само поради тоа што зборував на албански со моето семејство таму. Тоа беше навистина омаловажувачки. Јас сум репрезентативец на Македонија и секогаш давам сè од себе за оваа земја. Играм од срце. Кажувајќи го тоа, не гледам причина зошто не би можел да зборувам со своето семејство на мојот мајчин јазик. Бев навистина засрамен од тоа што се случи денеска. Не посакувам нешто такво да му се случи никому“, објаснува популарниот Џани.
„По извесно време тие сфатија дека станува збор за Алиоски од националниот тим и рекоа дека можеме да останеме. Се извинија, но беше предоцна за извинување. Јас и моето семејство се почувствувавме непожелни и не сакавме да останеме повеќе“, додава 27-годишниот играч на Лидс јунајтед со 27 настапи и пет гола за македонската фудбалска репрезентација.




