Алиоски се враќа од повредата тренирајќи – бокс (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски побрзо од очекувањата заздравува од повредата на коленото поради која ги пропушти последните четири натпревари во Чемпионшип, а за претстојниот двомеч на македонската фудбалска репрезентација се подготвува тренирајќи – бокс.



Левото крило на Лидс вложува големи напори за да биде подготвен за настап во националниот дрес на дуелите против Полска на 7 јуни и со Австрија три дена подоцна, и двата во Скопје, во квалифиакциите за Европско првенство 2020.

На социјалните мрежи 27-годишниот фудбалер постави видео од тренинзите со пораката: „Закрепнувањето заврши. Чувството е извонредно што се враќам на работа“.

Алиоски има 27 настапи и пет гола за Македонија, а за Лидс во минатава сезона настапи на 44 меча и постигна седум погодоци.

https://www.facebook.com/FPA.Fairplay.Agency/videos/644293449369676/