Носителот на листата на Алијансата за Албанците за советот на Тетово, Абдула Османи, синоќа, откако станаа јасни резултатите од изборите, рече дека не се задоволни и дека за поразот ќе седнат и ќе анализираат за да видат каде згрешиле, јави МКД.Мк.
„Ваков епилог не очекувавме. На овие избори бевме соочени со апсолутна власт, практично само ние бевме вистинска опозициска партија. Наспроти нас имаше разни ветувања, за договори, за вработувања…
Ние, како Алијанса за Албанците ќе седнеме и ќе треба добро да размислиме за причините за ваквиот резултат“, рече Османи.







