„Алијансата на Албанците како сила на десниот центар со прозападна насоченост и со стремеж да им се приклучи на европските народни партии, продолжува со остварувањето на националните интереси на Албанците во с.Македонија, како држава во која сите граѓани треба да се чувствуваат како рамноправни и така да бидат третирани.“ – ова е еден од клучните делови на „Декларацијата на Алијансата на Албанците“, која е усвоена на вториот конгрес на оваа албанска опозициска партија, одржан на 27 март годинава во Тетово. Интегралната верзија на овој програмски документ ја објави денес весникот на албански јазик „Лајм“.
Покрај другите ставови во споменатата декларација, во неа се наведуваат и следните: „Во следните четири години од политички аспект ќе биде создаден нов концептуален пристап и ќе биде одреден ритмот на ангажирањето, за да Алијансата на Албанците стане прва албанска политичка сила во земјата.“
„Алијансата за Албанците ќе го унапреди уставниот и правниот поредок, за да обезбеди негова усогласеност со политичката, општествената и економската реалност, вклучувајќи изборни реформи, правична и соодветна застапеност, решавање на правните и судските неправди и целосно официјализирање на албанскиот јазик и неговата азбука, како и унапредување на албанската култура.“
„Алијансата на Албанците ќе се ангажира да им понуди на граѓаните нов политички проект, кој ќе се стреми кон воспоставувањето на правната држава, кон борбата против корупцијата и остварувањето на европската перспектива на државата.“
Home Македонија „Алијансата ќе се ангажира за националните интереси на Албанците и целосното официјализирање...





