Алијанса за Албанците: И роверот на НАСА стигна на Марс, а кај нас уште нема вакцини

Опозициската Алијанса за Албанците со пластичен пример ја илустрира очајната состојба со вакцините за Ковид-19.



„Во октомври се ласира роверот ‘Персеверенс’ на НАСА за планетата Марс, а во исто време премиерот Заев вети дека ќе обезбеди вакцини до декември 2020 година. Роверот пристигна на Марс за 6 месеци, а вакцините во Северна Македонија сè уште ги нема никаде“, велат од партијата на Зијадин Села.