АА: Навреда за славата на УЧК е оградувањето на политичкиот кловн Османи од споменикот во Слупчане!

„Удар и голема навреда за славата на УЧК е денешната изјава на министерот на ДУИ Бујар Османи во врска со вчерашната инаугурација на лапидариумот-споменикот на УЧК во Слупчане, особено кога оваа изјава доаѓа од оние, кои инсистираат дека имаат ексклузивност врз историјата на 2001 година на с.Македонија!“ – реагира опозициската Алијанса за Албанците.

Во своето соопштение партијата на Зијадин Села наведува: „Со оградувањето од вчерашниот настан во Слупчане, на кој присуствуваа сите функционери и експоненти на ДУИ, Бујар Османи покажа дека не познава граници дволичноста на политичкиот клан, кој веќе две децении ги заробил Албанците од с.Македонија. Ова не е прв пат функционерите на ДУИ кога одат во албанските населби да се продаваат како патриоти, да партизираат и да присвојуваат се што е национално, а кога се враќаат во Скопје, по реакцијата на македонските партии, да се оградуваат и да се продаваат како граѓани без идентитет.“

„Денешната изјава на Бујар Османи е скандалозен чин, кој бара казна од секој Албанец, бидејќи со оградувањето од споменикот тој всушност се обиде Албанците да ги дистанцира од УЧК! Бујар Османи, кој во улога на политички кловн на Албанците им стана познат по најголемите дипломатски грешки, без разлика дали со изјави, со политички прогнози или со именувања во дипломатските претставништва на Македонија, денес е должен да му објасни на секој Албанец од кого се срамат тој и ДУИ: од УЧК, од Албанците, или од фактот што сите ‘крупни дела’ на ДУИ се или без дозвола, или без политичка волја, или се без институционална одлука!“

„Свеченото отворање на споменикот, од кој ДУИ-истите побрзаа да се оградат, претставува врв на политичката ароганција на една каста разгалена од прекумерната и долготрајна моќ, поради која таа губи контакт со реалноста, а во секојдневието се случуваат политички гафови и навреди кон гласачите.“

„Јавно прашуваме: која ДУИ стои зад лапидариумот-споменикот? Зелената ДУИ на премиерот, што не постои? Црвената ДУИ од десетгодишната коалиција со Груевски и Мијалков? Или сината ДУИ од пријателството со Заев и неговите компромитирани функционери?!“

„Денеска конечно паднаа маските. Денес, по 20 години Албанците конечно сфатија дека ‘ДУИ не е УЧК!’; оти ‘вчера ДУИ не е денес УЧК!’; дека ‘сите добри дела за Албанците дефинитивно не го носат печатот на ДУИ!’, туку дека ДУИ е срам, навреда и понижување на секој Албанец заради интересите на власта и заради фотелјите на политичката клика, која ги зароби Албанците веќе 20 години.“ – се вели во соопштението на Алијансата за Албанците