Алијанса за Албанците ги повикува пратениците од, како што велат, „владиното малцинство“, да преминат во редовите на, според нив, прогресивната опозиција.



„Ги повикуваме пратениците на ова владино малцинство: сите тие што сакаат да ја спасат државата од организиран криминал, од корупција, од незнаење, да се приклучат на прогресивната опозиција.

Приказните за евроинтеграциите на овој пропаднат режим се само алиби за бегство од правдата. Европската Унија не се постигнува со Боки13, Зоки Кичеец, Вице Заев, партизирани судии и обвинители, инспектори кои изнудуваат бизниси и купуваат и уценуваат пратеници“, се вели во партиското соопштение.

Претходно денеска вицепремиерот Артан Груби, најави дека парламентарното мнозинство ќе расте и ќе опстои за да се спроведе програмата што ја поддржале граѓаните на парламентарните избори во 2020 година.