Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на прес конференција по затворањето на гласачките кутии изјави дека се надева на победа на Алијансата и Алтернатива по 18 години владеење на ДУИ.
„Првичните резултати што ни стасуваат се дека сме во убедлива предност пред ДУИ“, рече таравари.
На прашање за повикот на портпаролот на ДУИ Бујар Османи да им се приклучат во преговорите за новата влада бидејќи ДУИ ќе победел на изборите, Таравари рече дека се надева дека ДУИ ќе го прифати поразот и заминувањето во опозиција





