Дури 74 приговори во врска со гласањето на парламентарните избори поднесе Алијансата за Албанците до ДИК.
Лидерот Зијадин Села на Твитер, напиша дека прелиминарните наводи на ОБСЕ/ОДИХР потврдуваат организирано купување гласови и притисокот врз гласачите од страна на ДУИ на разни избирачки места во Кичево, Сарај и Зајас.
Тој повика „државните институции да ја завршат својата работа и да обезбедат зачувување на волјата на граѓаните“, потенцирајќи дека украдените избори нема да бидат прифатени.




