Алијансата на Албанците на Зијадин Села, бара надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот со Велигденските литургии во манастирот Бигорски и да преземат мерки согласно кривичната постапка за организаторите и учесниците.
„Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеа маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на ковид-19“, се наведува во партиското соопштение.





