Ова го изјави лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари Лидерот на Алијанса за Албанците во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека засега од оваа партија се на став за самостоен настап на претстојните избори, но…



„Имавме состаноци и со Ахмети и со Ковачевски“, рече Арбен Таравари за опцијата опцијата да се оди заедно на избори со СДСМ и ДУИ со една изборна листа.

„Разговаравме за опцијата да одиме заедно на избори, со една изборна листа. Но, искрено јас сметам дека во моментов е малку проблематично за нас како партија да бидеме со ДУИ на една листа, но никако не го затвораме како прашање“, рече Таравари и додаде:

„Ќе направам анализа, ќе разговараме со членството и следната недела ќе донесеме одлука, дали на наредните избори ќе одиме заедно со СДСМ и ДУИ“, изјави Таравари.