Алијанса на Албанците: Заев да се извини на шалтерските работници

По вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема корупција во врвот на власта, па ниту во вториот ешалон, а дека коруптивни дејанија биле регистрирани кај таканаречениот трет ешалон, каде спаѓаат шалтерските работници, Алијанса за Албанците го повика премиерот итно да се извини



„Амнестирање на министри и директори од корупција и обвинувањето на администраторите за неодамнешните проценки на Стејт Департмент е само низок обид да се дефокусира јавното мислење и силен удар врз оние кои веќе работат под постојан притисок и во мизерни услови“, реагираат од Алијанса за Албанците.

„Во време кога имаме јавни докази за корумпирани министри и директори, разрешени и осудени функционери, поранешниот директор на Здравствено осигурување, „пациентот“ кој дури е унапреден во поранешен генерален секретар на Владата, ваквите изјави на премиерот Зоран Заев јасно покажаа дека во Владата не постојат само криминал и корупција, туку и организиран криминал.

Итно да запрат нападите врз јавната и државната администрација, тие и онака имаат голем притисок и условувања за време на изборните процеси, ниски плати и тешки услови за работа“, додаваaт во писменото соопштение од Алијанса за Албанците.