„Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денес го прекрши изборниот молк: тој е фотографиран и е снимен додека агитирал, одејќи од куќа во куќа.“ – го обвини Алијансата на Албанците првиот парламентарец Џафери во своето соопштение, кое го пренесе информативниот портал на албански јазик „Телеграф“.
Од оваа партија тврдат дека „Талат Џафери бил виден во селото Форино, од каде што потекнува, но и во соседното село Чегране“.





