Алијанса на Албанците со протест го пречека Заев во Гостивар


Вчерашната посета на премиерот Зоран Заев на Гостивар, кој учествуваше на трибината со граѓаните насловена „На прав пат“, започна со протест организиран од страна на Алијансата на Албанците на Зијадин Села.



Тие со плакати го пречакаа премиерот обвинувајќи го за попречување на работата на локалната власт и на нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари.

Малку подоцна поставените плакати се отстранети од органите на редот, јави Алсат М.

На трибината организирана од СДСМ, премиерот говореше за состојбата во земјата и мерките кои ги преземала Владата за економскиот развој.