По изјавата на сведок во случајот „Рекет“ дека на еден од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и Венко Филипче, Алијансата за Албанците го потсетува министерот никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.



Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат“ му порачува Алијанса за Албанците на министерот Филипче.

Од оваа партија  бараат надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот, што, како што велат, беше најголем удар врз правдата во земјата.

„Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела“ реагираат од партијата.