Алијанса и Алтернатива не се против да бидат во влада со ДУИ

Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива која освои 12 пратенички мандати во идниот парламент не ја исклучува можноста да станат дел од владина коалиција во која би учествувала и ДУИ. Објаснуваат дека иако е тоа тешко, таквата опција не се исклучува.



„Како коалиција ама и поединечно како партии комуницираме со сите политички партии а тие контакти ги одржуваме и денес. Засега нема ништо ново после официјалните резултати од ДИК.

Следи период кога треба да почнат преговори за формирање Влада. Чекаме претседателот на државата да го предаде мандатот по што и мандатарот ќе ги почне преговорите за формирање на новата Влада воедно и тој одлучува со кој ќе коалицира“, изјави Шефик Дураку Од коалицијата АА и Алтернатива.