Алијанса: „Груби во 2017 докрај ја бранеше проруската коалиција Груевски-Ахмети, чиј главен партнер беше олигархот на Путин Самсоненко“

“Артан Груби во 2017 година до последниот момент ја бранеше проруската коалиција Груевски-Ахмети со главниот партнер, олигархот на Путин Сергеј Самсоненко, кој во ноќта на 27.април се прегрнуваше со синот на Мијалков, за време на нападот врз Парламентот-храмот на демократијата, тој напад подготвуван од Москва и Белград.’ – се вели во реакцијата на Алијансата на Албанците, која му возврати на заменикот-претседател на Владата Артан Груби.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.



Инаку, Груби вчера се огласи со тврдење дека „обидот на обединетата албанско-македонска опозиција на Алијанса на Албанците и ВМРО ДПМНЕ, заедно со ‘Левица’, да се урне Владата беше сценарио, подготвено од Русија“. –

Опозициската Алијанса на Албанците во своето соопштение изнесува: „Сега со нови партнери режимот на ДУИ ја продолжува старата песна на поврзаноста со познати антиамериканци, санкционирани од САД, делејќи им милионски тендери на компании на Додик и именувајќи го Фрчковски како амбасадор во Обединетите нации, кој е непожелен од официјален Вашингтон.“

„Многу бргу ќе им дојде крајот на режимот и на партијата, кои се полни со луѓе и партнери, што се наоѓаат на ‘црната листа’ на САД, листа која наскоро ќе се надополни уште повеќе со имињата на функционерите на ДУИ.’ – се закани Алијансата на Албанците.“