Алијанса, Беса и Алтернатива во коалиција против ДУИ

Партиските математики на Села, Касами и Гаши покажале дека нивните партии само обединети можат да ја победат ДУИ на претстојните избори во април, па лидерите на Беса, Алијанса и Алтернативи ќе формираат предизборна коалиција, дознава Слободен печат. .



„Движењето Беса е за тројна коалиција. Ние сме за соработка и со Алијансата и со Алтернатива. Недоразбирањата се надминати, останаа минато. Прифаќаме вклучување и на Алтернатива. Наскоро очекуваме и официјализирање на договореното“, велат од Беса.

Од Алијансата неофицијално ја потврдуваат информација, а наскоро се очекува и конечен договор за една коалиција за трите партии, Алијансата, Беса и Алтернатива.

„Неминовно е да се обединиме. Суштинската промена ќе се случи само доколку ДУИ замине во опозиција“, велат во Алијансата.