За Алијанса на Албанците не е прифатливо печалбарите кои се враќаат во Македонија да имаат задолжителен ПЦР тест и мерка за изолација.
„Ова отворање на границите не е дел од слободното движење на нашите граѓани, односно, нивното влегување во Македонија“, изјави денеска Флакрон Беџети од АА според владата продолжува да спроведува различни и уникатни мерки кои немаат успех.
Тој вели дека Македонија сега, за жал, е лидер во регионот во однос на бројот на заразени и мртви на милион жители, така што здравјето на нејзините граѓани „не може да биде загрозено од нашите печалбари кои доаѓаат од земјите на ЕУ кои скоро ја победија битката со Ковид 19 и ги отворија границите за движење без никакви пречки“.
Алијанса, оттаму бара, Владата на следниот состанок да ги отстрани активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, тестот за ПЦР и мерката изолација.





