„Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дебар, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили“, реагираат опозициските Алианса на Албанците/Алтернатива на информацијата дека министрот Османи купил неколку тротинети за вработените во МНР.
„Сега, кога министерот не успеа во секоја област на одговорност, а ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра.
Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери“ велат од коалицијата АА/А.







