„На Демократската унија за интеграција не и доволен притисокот врз административните службеници, наставниците и професорите, заканувајќи им се и уценувајќи ги да учествуваат на предизборните собири на ДУИ во текот на кампањата. Оваа партија сега не ги поштедува ниту децата, користејќи ги и злоупотребувајќи ги во своите предизборни кампањи. Со тоа ДУИ тешко ги прекршува правата на децата.“ – обвинува опозициската албанска коалиција на Алијанса на Албанците и Алтернатива во своето соопштение, кое го пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА.
Двете партии наведуваат: „Оваа појава се повторува често на собирите на ДУИ. Последниот случај е злоупотребата на децата од страна на Теута Арифи, претседателката на општина Тетово од редовите на ДУИ. На својот официјален профил таа објави фотографии со деца од боксерскиот клуб „Шкендија Нолимит“, обидувајќи се да заработи политички поени. Тој грд потег на Теута Арифи да се фотографира со деца среде кампања потсетува многу повеќе на една претседателка на бегање, која не сторила ништо за децата од Тетово, оставајќи ги без парк за деца, без катче за детски игри и без спортски активности. Иако нема образ, сега таа оди и се фотографира со деца во време на кампања.“
„Алијанса и Алтернатива предупредуваат дека предизборните собири на ДУИ стануваат се поопасни: „Собирите на ДУИ и отворањата нејзини штабови стануваат се поопасни, поради рафалите и пукотниците. Тоа претставува голема опасност за децата и другите. Во кој било штаб на ДУИ може да се повторат пукањата во штабовите во Чаир и во Желино.“
„Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Македонија да го евидентираат ова вознемирување во нивниот извештај за предизборната кампања. Ја повикуваме првата Амбасада за деца ‘Меѓаши’ во Македонија да го крене гласот, поради газењето на правата на децата, кои се злоупотребуваат во предизборната кампања.“ – наведува опозициската коалиција на Алијанса на Албанците и Алтернатива во своето јавно реагирање во врска со предизборните активности на ДУИ и поодделно на Теута Арифи, актуелната претседателка на Тетово, инаку и кандидат за нов мандат на оваа функција.
Извор: https://ina-online.net/ash-aaa-bdi-krahas-presionit-te-administratoreve-dhe-pedagogeve-per-ne-tubime-keqperdor-edhe-femijet-ne-fushaten-parazgjedhore/





