По неуспехот да се справи со вториот бран на инфекцијата со ковид-19, а како резултат на тоа во нашата држава животот го загубија 2.953 граѓани, власта повторно потфрлува, овојпат во обезбедување вакцини за имунизација на населението, што е неминовна за ставање под контрола на инфекцијата, како и за намалување на смртноста, обвини коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.



„Како што дознаваме од соопштението на Министерството за здравство, на крајот на овој месец може да дојде еден контингент со вакцини, што секако нема да го опфати ниту минималниот процент на населението, додека за општа имунизација многу е рано да ја очекуваме…

Како што можеме да се убедиме секој ден, Владата со она што не успеа да го прави докажува дека не може ниту да владее во државата, ниту да одржува и да гради здрави односи со нашите меѓународни пријатели и партнери“, се вели во соопштението на опозициката коаливија АА-А од каде бараат „Владата која не се грижи и не го чува здравјето на населението, не само што мора да поднесе оставка, туку мора да одговара и за штетите што им ги нанела на граѓаните“.