По вечаршната изјава на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека Владата ќе предложи нов предлог-закон за државјанство и дека е неприфатлив предлогот на Алијанса/Алтернатива државјанство да се добива со тројца сведоци, денеска реакции од двете партии:
„После вчерашната изјава на Оливер Спасовски дека негативното мислење на Министерството за Внатрешни работи ја има поддршката и на неговиот заменик Назим Буши од ДУИ, бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог законот за кој првично се изјаснија дека го подржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали Министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши.
Истовремено бараме од Оливер Спасовски да престане со циркусот кој што вчера го видовме од начинот како го третира неговиот заменик Назим Буши.
Додека од Буши бараме под итно да си поднесе оставка од функцијата заменик Министер, поради морални причини за да престане и понатаму да го деградира албанскиот гласач.






